Email: gemak@mt.net.mk, Phone/FAX: 02/ 3137-500; 3137-100

 

Наши Вредности


Висок професионализам
Тимски дух
Лојалност кон нашите брендови
Нашите партнери
Перманентно усовршување

 

Гемак Трејд е приватно трговско претпријатие основано во 1991 година.

Започнува со трговија, увоз и дистрибуција на електрични апарати и потрошувачки добра, акцизни производи вклучувајќи и duty free бизнис во периодот од 1991 до 1994. Во тоа време Гемак отвара и продажна мрежа на престижни продавници низ Скопје.
Со затворањето на DFS во 1994 се реорганизира во дистрибутерска куќа фокусирана на домашниот пазар,  за производите од реномирани од познати светски фирми кои самостојно ги увезува.
Во 1997 се здобива со ексклузивитет за увоз и дистрибуција на истите, и со нив и денес успешно работи.
Гемак во 2001 отвара својa сестринска фирма и во Приштина. Гекос, претставништвото на Гемак на Косово, се занимава со дистрибуција на истите брендови кои се дистрибутирани во Македонија.

Нашата фирма во моментот има високо мотивирани кадри, над 50 вработени, за кои што има постојана грижа со организирање на интерни семинари како и високо специјализирани тренинзи и едукација во светски рамки. Со тоа им се овозможува на членовите на менаџерскиот тим следење на сите најнови трендови и иновации во својата дејност.

Како еден од најголемите дистрибутери во државата, Гемак поседува канцелариски простор во центарот на Скопје, 800м2 на магацински простор, мрежа на возила кои се користат во секојдневната дистрибуција на производите.

Освен по тоа што е познат по својата техничка спремност и инфраструктура за дистрибуција, Гемак важи и за една од ретките фирми во земјата кои се познати по градењето и развивањето на популарноста и 'brand awareness' на артиклите кои ги застапува и продава за што постојат бројни примери.

Енвер Малиќи Самир Малиќи Радмила Павловска Ирена Спасовска

Гемак е централно уредена организација, со еден сопственик.
Понатаму одговорностите се распределуваат на Генерален директор- Самир Малиќи (експорт и импорт), Маркетинг директор и односи со јавност (Радмила Павловска), финансов директор (Ирена Спасовска). Различните дејности се ивршуваат во неколкуте сектори- за пијалоци, за тутунски производи, за мобилна телефонија и логистика со администрација.
Во тимот на Гемак велат, дека оваквата организациона структура најмногу и најефикасно може да ги постигне целите на компанијата. Меѓутоа, вистинската вредност на фирмата истакнуваат, е тимскиот дух кој го имаат сите вработени, кој како што самите велат е на ниво на фамилијарна поврзаност
Горди се на својот мултиетнички состав и на улогата и позицијата што првиот човек на фирмата ја има во заедницата преку своите вонпрофесионални активности и угледот што го ужива во професионалните кругови.
Мотото на Гемак за нови вработувања е : Ги вработуваме луѓето поради своите ставови а ги едуцираме за нивните вештини.

 
      НАСЛОВНА | ЗА НАС | ПРЕДСТАВНИШТВА | НОВОСТИ | ФОТОГАЛЕРИЈА | КОНТАКТ
      Copyright © 2008 GEMAK.COM.MK